Единствен македонски интернационалец кој во моментов е активен односно неговото првенство не е суспендирано поради Корона вирусот, е Даниел Георгиевски и неговиот тим ВС Вондерерс во шампионатот на Австралија.
Георгиевски со неговите соиграчи одиграа денес 1:1 на домашен терен пред празни трибини, и едвај се соасија од пораз откако губеа уште во првото полувреме. Сепак, со голот на Јебоа во 82. Минута, Вондерерси се спасија од пораз и го освоија 26. Бод сезонава.

Со тоа, застанаа на осмата позиција на табелата и се на две места под оние кои водат во плеј офот.

Георгиевски паузираше претходно два натпревари поради директен црвен картон, а ова му беше кам бек во составот.