Шпански „АС“ утринава извади еден податок околу тоа кој е најбрзиот фудбалер на Реал Мадрид. И веднаш да кажеме дека не тој што сите претпоставувате, не е Герет Бејл.

Најбрзиот  меѓу „кралевите“ е Федерико Валверде. Уругваецот во последно време е еден од оние во кои Зидан има голема доверба.

Измерено е дека Валверде достигнал, при трчање, брзина од 35.1 км на час. Следуваат Винициус Жуниор (34.6), па Дани Карвахал (34.4), Ферлан Менди (34.3), Герет Бејл (34.2)…