Игокеа испрати писмо до сите клубови во АБА-лига со предлог, доколку во следните 10 до 15 дена не се создата услови за продолжение на сезоната, регионалното натпреварување да заврши со моменталниот пласман на табелата, открива „Мондо“.

Првиот човек, Игор Додиќ заедно со неговите соработници предложиле последниот тим на табелата Задар да се пресели во второлигашкото друштво, додека во АБА 1-лига да се пласира Борац, кој е на врвот на табелата.

Ова не му оди во прилог на МЗТ Скопје. Актуелниот македонски шампион е на третото место и во плеј-офот треба да игра против Сплит. Доколку клубовите го прифатат предлогот во тој случај МЗТ Скопје ќе остане во АБА 2-лига.

Партизан на почетокот на пандемијата коронавирус имаше предлог да се одигра плеј-оф, спред моменталниот поредок на табелата. Додека пак Црвена Звезда и останатите екипи не се изјаснија јавно.