Онаа слика со неконтролирано купување на тоалетна хартија е во сите земји, не е само Македонија. Данис Кристопанс, екс-вардарецот и член на Фуксе Берлин ја пренесе дел од случувањата во Германија.

Вели дека и во оваа земја има такви кои не ги почитуваат препораките, што пак е причина за растот на инфицираните со коронавирус. Летонскиот џин е дома, чека подобри денови, ретко оди во маркет, не може да им се изначуди на луѓето кои во големи количина купуваат тоалетна хартија.

„Сите сме дома ја чекаме одлуката дали ќе продолжи првенството, сите сме оптимисти. Пред неколку дена не можеше да се забележи промена во Берлин, но веќе денеска има се помалку луѓе и автомобили на улиците. Луѓето почнаа да седат во карантин, но мислам дека е предоцна, бројката на заразени ќе се зголемува. Има и такви кои продолжија со своите секојдневни навики и се загрозуваат себе си. Јас ретко одам во маркет. Нема простор за паника има доволно залихи , освен тоалетна хартија, смешно е зошто луѓето купуваат толку многу“, вели Кристопанс.