Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски и неговата сопруга Ана донираа 1 милион евра во борбата со коронавирусот. Претходно, слични суми обезбедија двајца други играчи на баварците, Џошуа Кимих и Леон Горецка.

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане исто така направи значителна финансиска донација.

„Сите ние сме свесни за тешката состојба“, изјави Левандовски за Билд.

„Денес сите играме во ист тим. Дозволете ни да бидеме силни во оваа борба. Ако можеме да помогнеме некому, да го сториме тоа“, вели полскиот голгетер.

Како што е познато, сите европски првенства престанаа поради пандемија која досега однесе животите на над 11.000 луѓе ширум светот.