Засега не се знае точно кога и дали ќе продолжи НБА-лигата. Овие денови стигнаа информации дека дел од играчите се заразени, се огласија Лејкерс, Денвер, Бостон, Филаделија, Јута…

Челниците на клубовите им дозволиле на кошаркарите да се вратат во своите земји, пишуваат хрватските медиуми кои имаат свои претставници во ова натпреварување.

„Се слушнав со Шариќ, рече дека добил дозвола да се врати дома, но се уште размислува, нема донесено одлука“, изјави Мршиќ, спортскиот директор на хрватската кошаркарска репрезентација.