Во време на коронавирус социјалните мрежи се преполни со апели, но и интересни објави. Во центарот на вниманието нашите спортисти и оние ширум во светот. И тие, како останатите се „заглавени“ во своите домови, едвај го чекаат денот кога ќе се вратат на нормалниот живот.

Доцна синоќа на „Инстаграм“ се случи несекојдневно дружење на македонските фудбалери и ракометари. Елиф Елмас објави фотографија како дете, па го предизвика капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров. Македонската гол-машина веднаш одговори со фотографија, па номинациите продолжија.

Интересно е да се видат нашите ѕвзеди во едно поинакво издание…