Коронавирусот го откажа и Светското првенство во хокеј кое требаше да се игра во Швајцарија од 8 до 24 мај.

Од меѓународната федерација на хокеј на мраз објасни дека коронавирусот е главна причина за одложување на овој турнир.

„Меѓународното семејство на хокеј е соочено со реалноста, и мора да ја прифатиме. Коронавирусот е глобален проблем и бара огромен напор за негово справување. Засега мораме да го ставиме спортот на страна“, рече во соопштение претседателот на федерацијата Рене Фасел.