Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри, најверојатно, ќе го преземе францускиот шампион ПСЖ по епидемијата на коронавирусот, која се очекува да заврши летово. Француски извори наведуваат дека парижани веќе немаат доверба во сегашниот стратег Тухел.

Според последните информации од клубот, тие дури оствариле контакт со него и се верува дека договор ќе биде постигнат. Германецот има делумно слаб успех на чело на „светците“, но генерално е јасно и дека екипата не се подобри откако тој дојде на „Паркот на принцовите“.

Целта пред газдите на ПСЖ е јасна, а тоа е триумф во Лигата на шампионите.