Кристијано Роналдо во моментов се наоѓа во карантин во Португалија поради коронавирусот. Заминал во посеа на својата мајка, а во меѓувреме фудбалот во Италија сопре, па тој само што се врати, повторно се врати дома.

Не е познато колку ќе трае паузата во фудбалот во Италија, но и во многу други земји. За тоа време Португалецот тренира индивидуално за да остане во форма.

„Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони, сега е вашата шанса. Играјте дома, играјте за светот“, порача играчот на Јувентус.