Турските медиуми што туку објавија дека целокупниот кошаркарски тим на Фенербахче ќе биде исложен на тестирање за вирусот Корона, затоа што поедини членови покажале симптоми за такво нешто.

Клубот веднаш излезе со соопштение во кое се потврдува ваквата информација, а се додава дека резултатите ќе бидат јавно достапни и дека оние кои евентуално ќе бидат позитивни ќе бидат јавно обелоденети.

Во таборот на Фенербахче како што е добро познато, тренер е Србинот Жељко Обрадовиќ, а целиот негов стручен штаб е составен од негови соработници.