21 март во Бразил не е обичен ден. Тоа е денот кога се роди еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1 – Аиртон Сена. Да беше жив, легендарниот Бразилец денеска ќе полнеше 60 години.

Бразилските телевизии денеска се преполни со снимки од една легендарна трка од 1991 година. Тоа е годината во која за првпат, Сена успеа да донесе бразилска победа на патеката „Интерлагос“.  Сена за првпат победи на Интерлагос во 1991 година, година во која исто така беше по третпат крунисан  како шампион во елитната серија.

За да победи на домашната патека, Сена мораше да се соочи со проблем со менувачот на неговиот Мекларен, и мораше буквално да го држи болидот со раце за да ја премине финалната линија. Триумфот беше толку епски што јавноста трката ја нарече во чест на шампионот.

Тој ќе победи на истата патека и две години подоцна, во 1993 година, а година подоцна го загуби животот во трагичната несреќа на патеката Имола.