Швајцарецот Роџер Федерер ги повика луѓето ширум светот да не ги напуштат своите домови за да не влијаат врз ширењето на коронавирусот.

„Заканата треба да се земе многу сериозно” , вели Федерер .

„Ние мораме да се бориме против овој вирус и да си помагаме едни на други. Јас ги мијам рацете неколку пати на ден, седам дома. Многу е важно да размислуваме за постарите и ранливите луѓе. Треба да се држиме едни со други на два метра растојание и да не се ракуваме. Ова е сериозно време и се надевам дека сите ја сфаќаат ситуацијата сериозно“, дополни тој.

Дури и пред пандемијата на коронавирус, Федерер објави дека ќе ја пропушти сезоната на земјени терени поради операција на коленото.