Интернационалниот олимписки комитет потврди дека размислува за одложување на Олимписките игри во Токио, меѓутоа засега не брзаат со одлуката. Тие на денешниот состанок си дадоа рок од четири недели да одлучат.

МОК се најде под голем притисок да ги одложат Олимписките игри закажани за на лето, но се уште не можат да се обават квалификациите и да бидат одредени учесниците. МОК засега не попушта туку во следните четири недели ќе ја следат ситуацијата и ќе видат дали може да се направи нешто да се спасат Игрите и да се одржат оваа година.

Претседателот на МОК Томас Бах кажа дека Игрите првпат разгледува „различни сценарија“ за Олимпијадата.