Претседателката на РК Металург, Зорица Блажевска, на социјалните мрежи излезе со уште еден апел до сите кои деновиве треба да останат дома и да придонесат во борбата со коронавирусот.

„Кога ова ќе заврши, а ЌЕ ЗАВРШИ – сите ракометни натпревари ќе бидат распродадени, во секој ресторан ќе се чека маса, на секое дете ќе му биде мило што се враќа на училиште, секој ќе си ја сака работата, кафеаните и кафичите ќе бидат преполни, ќе се смееме, ќе има вицеви и смешни случки, ќе се гушкаме, ќе се ракуваме и бакнуваме. Ќе се сакаме. Тоа ќе биде добар ден. До тој ден, чувај се свете!“, напиша Блажевска.

Оваа нејзината порака е уште еден апел од спортистите и спортските работници да се почитуваат мерките во битката со КОВИД-19.