Крис Синглтон, играчот на Ефес Пилсен, во моментов лидеро на кошаркарската Евролига има предлог како да се заврши тековната сезона во кошаркарскиот свет во Европа.

Искусниот Американаец смета дека добра идеја е Евролигата да се организира по системот на „мартовско лудило“ турнирите кои се заштитен знак на колеџ НЦАА лигата во САД.

Синглтон вели дека турнирите треба да се организираат во три Европски града, и 18 екипи да бидат рамноправно распоредени на две страни од костурот.

Два града, според него Истанбул и Мадрид, поради силата на Ефес и Реал во моментов, а самото финале да се одигра во некој трет град.

Сето ова би се случуваво во месец Мај кога реално и би имало време навреме се да се заврши.

„Иако сопствениците на Европските клубови сакаат да одат по теркот на НБА лигата, но мојот предлог е во моментов да го искористиме примерот од колеџ лигата“ – вели Синглтон, и со тоа секако дека ќе покрене сериозна дебата по ова прашање.

Во Евролигата се останати да се доиграат уште шест мечеви од регуларниот дел, па потоа четвртфиналните средби, а на краот и самиот плеј оф.