Во своето вечерашно гостување во медиумите, министерот за здавство на Македонија, Венко Филипче, потенцираше дека сите проценки на епидемиолозите велат дека пикот на заразата со коронавирусот во нашата земја ќе биде кон крајот на следниот месец. Со тоа практично Филипче стави до знаење дека до средината на мај (најрано) во Македонија нема простор да се очекува враќање на спортските настани.

„Сметам дека во следниот месец секој ден ќе имаме нови и нови заболени, а пикот ќе биде кон крајот на април“, рече Филипче.

Состојбата со бројот на заболени во нашата земја од ден на ден се зголемува, на прогнозите велат дека во мај кривата на заразата полека ќе опаѓа.