Првакот во Формула 1 Луис Хамилтон се наоѓа во самоизолација. Тој се решил на ваков чекор откако бил во контакт со лица, за кои подоцна било потврдено дека биле позитивни на коронавирусот.

„Здраво на сите, се надевам дека сте добро и дека се чувате и сте зафатени со нешто. Постоеја некои шпекулации за моето здравје бидејќи бев на настан на кој две лица беа заразени со коронавирусот. Сакам да ви кажам на сите дека се чувствувам добро, немам никакви симптоми и дека два пати на ден тренирам. На тој настан се видов со Идрис Елбо и Софи Трудо пред 17 дена. Во постојан контакт сум со докторите“, напиша Хамилтон.