Додека тековната сезона во НБА лигата е на пауза, американската тв-мрежа ESPN спроведе анкета за тоа кој годинава треба да биде прогласен за МВП на сезоната, доколку лигата не успее да продолжи. Слично на системот за гласање во НБА, секој глас за првото место дава 10 поени, седум за второто место, пет за третото, три за четвртото и еден за петтото.

Јанис Адетокунбо заработи 60 од 70 можни гласови на првото место и собра вкупно 670 поени, оставајќи го зад себе Леброн Џејмс со 514.

Ниту еден друг играч освен Јанис и Леброн не добија гласови за прво место. Трет на листата заврши Харден, додека Лука Дончиќ со 171 глас остана на четвртото место. ТОП 5 литата ја заокружи српскиот кошаркар од екипата на Денвер, Никола Јокиќ.