Кристијано Роналдо е на излезна врата од Јувентус. Ова е вистинска бомба која ја лиферуваат медиумите во Италија. Имено поради кризата со коронавирусот, семејството Ањели е свесно дека Португалецот веќе им станува голем товар, па така и тие не би имале ништо против Роналдо да си пронајде нов клуб. А тој нов клуб се вика ПСЖ. Шеиците му нудат иста плата како во Јуве, 30 милиони евра, но немаат намера да платат отштета поголема од 100 милниони евра. Целата оваа идеја потекнала од менаџерот Мендеш, кој е свесен, а свесни се и во Јуве, дека од оваа ситуација мора да се извади максимумот и тоа на задоволство на сите.