Хуан Карлос Пастор, тренерот на Пик Сегед за официјалната страница на овој тим ја пренесува моменталната ситуација со коронавирусот. Шпанскиот стратег вели дека ретко излегува од дома, постојано е во комуникација со играчите, кои се однесуваат најпрофесионално.

Пик Сегед е противникот на Вардар во осминафиналето во Лигата на шампионите, првата пресметка беше закажан за вчера во Скопје, но поради коронавирусот е одложена на неодредено време.

Пастор вели дека сите до еден ја спроведуваат програмата за одржување на формата, но во своите домови.

„Момците ги заслужуваат сите пофалби, го спроведуваат она што го бараме од нив, тие се вистински професионалци во овие тешки денови. Најмногу ме загрижуваат повредените ракометари, постојано ја следиме нивната состојба во клубот сме на располагање 24 часа, постојано делиме совети“, рече Пастор, кој им порача на фановите да ги почитуваат препораките за да можат поскоро да се видат на терен.