Иако Европа е парализирана од коронавирусот, иако речиси сите клубови се во „аут“ а играчите во карантин, од Германија доаѓа веста дека Волфсбург, членот на Бундес-лигата од денеска почнува со тренинзи. Оваа вест е службено потврдена на официјалната страна на клубот, вест која ги зачуди сите.

Секако дека ќе има ригорозни мерки кои играчите и тренерите мора да ги почитуваат во однос на хигиената. Засега ќе се тренира само во теретана, и тоа во помали групи, а за некој ден ќе се истрча и на терен. Инаку познато е дека планирано е Бундес лигата да продолжи на 3 април. А дали ќе продолжи, останува да се види.