Грчката кошаркарска лига е првата од најсилните европски национални лиги која одлучи да стави крај на тековната сезона поради здравствената криза со КОВИД-19. Со тоа, Грција стана дваесеттата земја која предвреме ги заврши домашните првенства во Европа, но прва од големите лиги.

Пред неа, то аго направија и кошаркарските првенства на Словенија, Холандија, Украина, Литванија, Швајцарија, Унгарија, Чешка, Ирска, Босна и Херцеговина, Словачка, Финска, Шведска, Исланд, Белгија, Норвешка, Полска, Австрија, Луксембург и Данска.

Одлуката беше донесена едногласно од 14-те клубови кои учествуваат во Лигата за време на Вонредното собрание што се одржа преку видео конференција. Федерацијата и Владата ќе треба да ја ратификуваат одлуката. На собранието немаше договор за тоа како да се реши прашањето за титулата: дали таа ќе заврши кај Панатинаикос, кој беше прв со биланс од 18-2 или дали сезоната ќе биде без шампион. Оваа втора опција се чини најизводлива, бидејќи лигата ќе остане иста со додавање на две нови екипи и следната година ќе брои 16 прволигаши.