Поради коронавирусот во Полска одлучија да стават крај на сезоната во домашниот шампионат. Федерацијата по консултација со претставниците на клубовите ги прогласи ракометните прваци.

Келце за кого настапува Игор Карачиќ одново е шампион, за овој тим ова е 17-титула, додека вицешампион е Висла Плоцк.

„Здравјето на играчите, поддржувачите и медиумите е најважно. Одлучивме да ставиме крај на оваа сезона, во моментов не може да се одреди датумот кога играчите ќе продолжат со тренинзи“, се вели во соопштението на полската ракометна федерација.