Поранешниот олимписки победник јужноафричкиот пливач, Камерон Ван Дер Бург објави дека е позитивен на коронавирусот веќе две недели. Тој ги посоветува активните спортисти кои во моментов се подготвуваат за Олимписките игри во Токио, дека се исложуваат на непотребен ризик.

Ван Дер Бург кој во моментов има 31. година го освои златото на 100 метри градно на Олимписките игри во 2012 година во Лондон и среброто во Рио четири години подоцна.

„Се борам со Ковид-19 веќе две недели. Ова е најтешкиот вирус со кој се соочувам во животот. Се борам со тежок замор и кашлица од која не можам да се отарасам. Најпростата физичка активност како одење ме заморува и морам да лежам потоа со саати“ , вели јужноафриканецот.