Првиот заразен фудбалер во Германија, Лука Килијан, се излечи од коронавирусот.

Играчот на Падерборн сега се чувствува добро, а на почетокот бил во страв и паника откако дознал дека е позитивен на Ковид-19.

„На 12. март почнав да чувствувам висока температура и ден подоцна беше навистина силно. Тогаш прв пат се исплашив. Беше потребно четири дена температурата да се намали, и од тогаш се чувствував се подобро“, изјави Килијан.