Руди Гобер е првиот кошаркар во НБА-лигата позитивен на коронавирус. Играчот на Јута Џез на социјалните мрежи се пожали дека загубил две сетила, за мирис и за вкус.

„Да ве известам каква е ситуацијата. Во симптомите за коронавирус е губењето на сетилото за мирис и вкус. Во последните четири дена не можам да осетам никаков мирис“, рече Гобер на „Твитер“.

Инаку тој се најде на удар на јавноста, кога на шала ги допираше новинарските микрофони на една од прес-конференциите, а потоа дозна дека е позитивен на коронавирус.

Во знак на извинување тој донираше половина милион долари за да им помогне на луѓето кои токму поради пандемијата останаа без работа.