Како резултат на пандемијата со вирусот КОВИД-19 во Европа, УЕФА денеска и официјално донесе одлука да ги одложи првично закажаните европски натпревари во мај оваа година.

Станува збор за финалето на Лигата на шампионите на УЕФА, финалето на УЕФА Лигата на Европа, како и финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во женска конкуренција.

Сè уште не е донесена одлука за нови датуми. Работната група, формирана минатата недела како резултат на конференциската седница меѓу заинтересираните страни на европскиот фудбал, со која претседаваше претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ќе ги анализира достапните опции. Групата веќе го започна истражувањето на календарот.