Поради пандемијата на коронавирусот, одложена е уште една Формула 1 трка. Станува збор за ГН на Азербејџан. Првата трка требаше да се вози пред осум дена во Мелбурн, но таа и уште пет трки се откажани, од кои ГН на Велика Британија и на Монако нема да се возат воопшто оваа сезона.

Трката во Баку требаше да се одржи на 7. јуни, но организаторите се решија за откажување.

Уште не е познат распоредот за 2020 година, и дали воопшто ќе се вози со оглед дека ширењето на коронавирусот не престанува.