Иако Бергамо е градот каде што во моментов има „војна“ против коронавирусот, сепак, во Аталанта до денеска немаше ниту еден заразен од коронавирус, иако беше предвидено дека епидемијата која владее во Италија е предизвикана од нивниот меч со Валенсија во ЛШ.

Денеска Аталанта потврди дека нивниот голман Марко Спортиело е позитивен на коронавирус. Марко во моментов е во самоизолација, а изолирани се и другите фудбалери на овој тим.

Спортиело беше дел од тимот на гостувањето во Валенсија.