Во миговите кога нема фудбал во речиси целиот свет, медиумите прават најдобри и најлоши тимови за сите големи клубови во изминатите 10, 20 па и повеќе години.

Сите имаат свои „утки“, а ги има и актуелниот европски првак Ливерпул. Медиумите го составија тимот од најлоши засилувањa на „црвените“. Меѓу нив и екс италијанскиот репрезентативец Марио Балотели, како и Србите Марковиќ и Јовановиќ.

Еве како изгледа:

ГОЛМАНИ: Даниеле Пандели, Адам Богдан, Шарл Итанџе.

ОДБРАНА: Маурисио Пелегрино, Габриел Палета, Пол Кончески, Хоземи, Торбен Пјенчик, Кристијан Циге, Филип Деген, Али Сисоко, Џулијан Дикс.

СР. РЕД: Лазар Марковиќ, Кристијан Поулсен, Алберто Аквилани, Жан-Мишел Фери, Бруно Шејру, Бернад Дијомед, Антонио Њунес, Усама Асаиди.

НАПАД: Милан Јовановиќ, Марио Балотели, Фабио Борини, Ел Хаџи-Диуф, Шон Данди.