Фудбалерите на Барселона почнаа да се бунтуваат по најновиот предлог од клупскиот претседател за уште подрастично намалување на платите. Иако вчера неколку од најголемите ѕвезди прифатија да им бидат намалени платите во периодот на пауза, сепак, не го одобриле новиот предлог на Бартомеу за намалување нивните плати во услови на економска криза.

Пред неколку дена, капитените на тимот разговараа со претседателот и во принцип се договорија да се намалат платите, бидејќи ја разбираат сложеноста на ситуацијата. Според „Марка“, сепак, управниот одбор денеска не успеал да ги убеди играчите да го прифатат првиот конкретен предлог во оваа насока. Раководството им даде време на играчите да размислат и да се консултираат со нивните финансиски советници.