Претседателот на ИОК, Томас Бах, рече дека се уште не се разговара за нов датум за Олимпијадата во Токио која и официјално е одложена за следната година. Иако не сакаша да зборува конкретно, Бах најавил дека еден од термините кој се разгледува е оној од 23 јули до 8 август 2021 година. Игрите првично беа закажани вооо периодот од 24 јули – 9 август 2020 година.

Бах додаде дека точниот датум за почеток на Игрите следната година ќе биде предмет на дискусија меѓу Организацискиот комитет на Јапонија и Интернационалниот олимписки комитет.