Пандемијата со корона вирусот ја погоди и Босна и Херцеговина, а тамошните болници не се најдобро опремени за успешно да се справат со вирусот. Многу спортисти покренаа иницијатива да им се помогне на болниците колку што може поспремни да се борат со корона вирусот. Пред неколку денови кошаркарот на Бруклин Нетс Џанан Муса донираше пари за болницата во Бихаќ, а по него уште еден НБА кошаркар, а се работи за хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ кој донираше 50.000 долари за болницата во родниот Мостар за да набави респиратори и заштитни средства.