Искачување на Водно, е еден од начините на кои Борко Ристовски ја одржува својата форма. Голманот на Вардар како и сите останати спортисти едвај чекаат да се вратат на терените, и тешките денови да останат зад нас.

Тој денеска испрати нов апел до сите.

„Го завршив мојот утрински тренинг, на самоизолација на Водно. Mора сите да останеме здрави за да го победиме овој вирус, Мојата порака е останете здрави, вежбајте каде што можете да останете во самоизолација. Да не го заборавиме најважното, да и помогнеме на македонската економија, купувајте македонски производи“.