Ракометарите на Веспрем покрај тоа што покажаа дека се вистински професионалци и од своите домови ги почитуваат наредбите на Марија Лојаница, тие на дело ја покажаа и својата човечност. Во текот на вчерашниот ден, откако еден од маркетите беше затворен, дојдоа да им помогнат на вработените.

Овие денови дел од ѕвездите донираат финансиска помош по болниците, дел им помагаат на оние кои имаат најобемна работа, во случајов продавачите.