И во таборот на Пик Сегед, противникот на Вардар во осминафиналето во Лигата на шампионите го минаа тестот за коронавирус. Унгарскиот тим денеска на својата официјална страница ги извести своите фановите дека ракометарите, стручниот тим, како и сите оние кои се дел од составот се негативни на „Ковид 19“.

Вардар и Пик Сегед својата прва пресметка во ЛШ требаше да ја имаат пред два дена во Скопје, овој дуел ќе се одигра во подобри времиња, засега нема нов став од ЕХФ како ќе заврши сезоната во која македонскиот тим е бранител на титулата.