Добро е познато дека Кирил Домусчиев, првиот човек на Лудогорец, најдобриот бугарски клуб во последните неколку години, е заразен со коронавирусот.

Според медиумите во Бугарија, тој не ги почитувал правилата на приватната болница во која се наоѓа и во која дознал дека е позитивен на „Ковид-19“. Полицијата забранила влез во болницата во која се наоѓа Домусчиев, но се чини оваа одлука не му се допаднала.

„Како може така да се однесува? Затоа што е милионер“, изјавил Атанас Магаров, епидемиолог во оваа земја.

Газдата на Лудогорец е сопственик и на една телевизија во Бугарија.