Уште пред неколку дена Англиската јавноста ја лиферуваше информацијата дека Гери Невил и Рајан Гигс, легендите на Манчестер Јунајтед, ги отворија своите хотелски комплекси за медицинските лица да можат да одмараат помеѓу смените. Тоа англиската јавност го прими со воодушевување, а синот на една медицинска сестра која е дел од цел овој процес јавно преку Твитер му се заблагодари на Невил.

„Би сакал да му се заблагодарам на господинот Гери Невил што мојата мајка ја смести во хотел како би можела што повеќе да се одмори и да им помогне на заразените“, напиша малиот Дени на својот „Твитер“ профил, а Гери Невил пак го презема истиот и го постираше на својот.