Поранешниот шпански фудбалер Пауло Футре, кој во кариерата играше за Атлетико Мадрид, Порто и Милан откри дека во 1987 гдина претседателот на „росонерите“ Силвио Берлускони лобирал, „Златната топка“ да му биде доделена на Руд Гулит. За „Мундо Депортиво“ Футре раскажа што се случило таа година.

Се борев за да побдам, но „Златната топка“ отиде во рацете на Руд Гулит. Холанѓанецот беше прв, а јас останав втор. Тој е голем играч и ја заслужи наградата, но и повеќе награди таа година. Во клубот се зборуваше дека Берлускони лично направил се што е во негова моќ Златната топка да ја добие Гулит. Тогаш Гулит беше во Милан и го освои само трофејот во првенството. Јас ја освоив Лигата на шампионите со Порто и ја одиграв најдобрата сезона во кариерата“, изјави Футре.