Многу германски клубови воведоа мерки за решавање на економските проблеми предизвикани од пандемијата на корона вирусот. Меѓу нив е и најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен. Според таблоидот „Билд“ фудбалерите на минхенскиот гигант се согласиле да им бидат намалени платите за 20%. Со тоа Баерн многу полесно ќе го одржи финансискиот баланс иако се работи за еден од финансиски најмоќните клубови на планетата.

За таков процент на намалување на платите се зборува и во Борусија Дортмунд. Таму тренерот Лусијан Фавре сам предложил да му биде намалена платата за 20-30%.

И другите германски клубови најверојатно ќе го следат примерот на големите, некаде може да има и повисоки кратења поради послабата финансиска моќ.

Кога ќе почне идната сезона ќе дојдат свежи пари од телевизиските права кои ќе им помогнат на клубовите.