Легендарниот бразилски стадион „Пакаембу“, на кој играат Сао Паоло, Палмеирас и Коринтијанс, ќе биде претворен во теренска болница за да прими пациенти заболени со коронавирус, пренесе Асошиејтед Прес. Стадионот ќе добие пренамена во полска болница во рок од 10 дена.

Стадионот се наоѓа во близина на најголемите болници во Сао Паоло, каде не се доволни бројот на кревети за болните. Во суштина, сите стадиони што беа домаќини на Светскиот куп во 2014 година се предложени за теренски болници.

На овој стадион се појави и папата Бенедикт XVI за време на неговата посета на Бразил.