Вчера Марка го натажи светот со својата супер насловна во врска со коронавирусот, а денеска се враќа на фудбалски теми. И веднаш БОМБА. Имено како што пишува веројатно највлијателниот спортски весник во Европа, Реал Мадрид има намера ова лето да се засили со Ерлинг Халанд, со, како што пишува Марка, најдобрата „деветка“ во Европа, кој во Борусија Дортмунд игра фантастично.

Покрај Норвежанецот, како што пренесува Марка, пикови на Флорентино Перез се и Килијан Мбапе, потоа Тимо Вернер и Лаутаро Мартинез. Сето ова значи дека Реал  нема да смета на услугите на Лука Јовиќ, кој покрај тоа што има очајна сезона меѓу „кралевите“, се „прослави“ со бегањето од Карантин и хаосот што го направи во Белград.