Управниот одбор на германската Бундеслига, денеска излезе со соопштение дека на состанокот со клубовите од Бундеслигата и 2. Бундеслига закажан за следната недела ќе препорача ново одложување на продолжението на сезоната. Во соопштението се вели:

„За да се подготвиме за генералниот состанок на клубовите од Бундеслигата и 2. Бундес лига закажан за 31 март, Президиумот на ДФЛ се состана денес како дел од видео конференцијата која траеше неколку часа. Со оглед на последиците од коронавирусот, се разговараше за можните сценарија и можни опции за дејствување. Тие треба да бидат структурирани во текот на следната недела и потоа да се стават на расправа пред Генералното собрание.

Президиумот е свесен дека сите сценарија и опциите за дејствување зависат од надворешни фактори, од кои ДФЛ и клубовите имаат воопшто ограничено или никакво влијание. Президиумот на Генералното собрание ќе му препорача натамошно прекинување на Бундеслигата и 2. Бундеслига, барем до 30 април“.