Фудбалот во Македонија, исто како и во целиот свет е во мирување поради коронавирусот. На принудниот прекин на мак-шампионат, Вардар остана на лидерското место на 10 бода пред второпласираниот Силекс и цели 11 бода пред актуелниот првак, Шкендија.

На својата официјална страница „црвено-црните“ имаа интересна објава која добро се вклопува со препораките на надлежните органи во битката со коронавирусот.