„Пирели“ објави дека неговиот познат календар со разголени девојки, кој обично излегува на виделина секој декември, нема да биде издаден оваа година. Брендот со седиште во Милано, каде е епицентарот на КОВИД-19 во Европа, ќе донира 100.000 евра за иницијативи за подобрување на борбата против коронавирусот.

Потпретседателот и извршен директор на Пирели, Марко Трончети Провера, го објасни потегот: „Невидената вонредна состојба што ја минуваме, нè присилува да го сториме тоа. Нема да биде, првпат Календарот на Пирели да не се објави, бидејќи претходно не беше печатен и во 1967 година и меѓу 1975 и 1983 година.“