Сопственикот на Олимпијакос и Нотингем Форест Евангелос Маринакис објави дека е излекуван од коронавирусот. Грчкиот богаташ на 10 март објави дека е позитивен на „КОВИД-19“ и дека е ставен во 14-дневен карантин. Тој успеа да го победи вирусот. После 14-те дена направил нов тест кој бил негативен.

Поради него во Арсенал беше нареден карантин затоа што тој присуствувал на „Емирати“ на мечот меѓу Олимпијакос и Арсенал во Лига Европа. И фудбалерите на Олимпијакос и на Нотингем Форест биле тестирани за корона вирус и резултатите биле негативни.