Кристијано Роналдо по дуелот меѓу Јувентус и Интер, кој се одигра пред повеќе од две недели во Торино отпатува за Португалија. Ден подоцна Серија А донесе одлука за „замрзнување“ на првенството, ѕвездата на Јуве не се врати дома, одлучи изолацијата да ја мине во својот дома во Мадеира.

Тој има шанса да биде со своите најблиски, а спред она што можевме да видиме изминатите години, нема сомнение дека постојано работи на одржување на својата форма. Потврда стигна синоќа, неговата сестра сподели фотографија по завршувањето на еден од неговите тренинзи во вежбалната.

Роналдо дефинитивно изглдеда како терминатор.