Девојката на Даниеле Ругани открила дека нејзиното момче е тестирано за коронавирус на 8. март, и искажа големи критики кон Јувентус. Со тоа „Газета“ открива голем скандал поврзан со овој случај. Имено, истиот ден се играше големото дерби меѓу Јувентус и Интер. Ругани бил тестиран во текот на утринските часови, и резултатите стигнале истиот ден. Но, Јуве наместо да пријави, се чекало прво да избие на првото место на табелата, во случај да првенството се прекине и да биде назначен моментално првопласираниот тим на табелата за шампион. Јувентус го доби натпреварот, а Ругани ги допирал Матуиди и Дибала, кои подоцна беа позитивни на тестирањата. Луѓето од „Старата дама“ истакнаа дека резултатите за Ругани се стигнати дури на 11 март и ги отфрли овие обвинувања.