За многумина љубители на фудбалот, Алекс Фергусон е најдобриот тренер на сите времиња. Тој со Манчестер Јунајтед успеа да освои се што можеше да се освои за време на неговото долго владеење во тимот од „Олд Трафорд“.

Иако Алекс имаше неколку „утки“ со трансфери, имаше и неколку полни погодоци. Така еден од нив е Кристијано Роналдо кој како 18-годишник го донесе во Манчестер, за сега да биде еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Англиските медиуми го открија тимот кој што Алекс сакал да го направи, но никогаш не му успеало, односно 11-те играчи кои требало да бидат дел додека Ферги бил на клупата на Јунајтед.

Тимот на Алекс кој никогаш не се остварил би изгледал вака: Чех, Лам, Компани, Малдини, Лизаразу, Гаскоњ, Зидан, Робен, Силва, Роналдињо, Ширер.